Дома Фудбал Англија Уште една легенда на Манчестер Јунајтед пред враќање на „Олд Трафорд“!

Уште една легенда на Манчестер Јунајтед пред враќање на „Олд Трафорд“!

Со доаѓањето на Оле Гунар Солскјер на клупата на Манчестер Јунајтед започна голем процес на рехабилитација и враќање на Манчестер Јунајтед во врвот на европскиот и светскиот фудбал, а тој процес би можел да продолжи со враќање на уште една легенда во клубот – Рио Фердинанд.

Фердинанд би требало да стане новиот спортски директор на Манчестер Јунајтед.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешниот англиски репрезентативец и легенда на Манчестер Јунајтед е голема желба на првиот оперативец на клубот Ед Вудворд кои овие денови инсистираше на тоа да седне на преговарачка маса.

Семејството Глејзер со години се обидуваше да го вклучи Фердинанд во клупската управа, но сега работите изгледа драстично се променети. Првенство бидејќи во клубот нема луѓе како Жозе Мурињо и Луис Ван Гал кои Фердинанд не ги цени премногу, а присуството на неговиот пријател и поранешен соиграч Солскјер би можело да биде пресуден фактор.

Ако навистина се случи Фердинанд да превземе една од најважните функции тој би имал полни раце работа. Јунајтед од заминувањето на Алекс Фергусон е во реконструкција и досега имаше неколку неуспешни фази и притоа потрошија огромна сума на пари.

Освен Фердинанд за оваа позиција се споменуваат уште како Дарен Флечер. Манчестер Јунајтед има намера да направи нешто слично како проектот на Ајакс кој ги користи своите клупски легенди како Едвин Ван Дер Сар, Марк Овермарс, Роналд Де Бур…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо се враќа во Европа!? Позната и следната дестинација

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, моментално настапува за …