Џанлуиџи Буфон нема да биде единствениот легендарен фудбалер кој ќе го напушти Јувентус ова лето.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Италинските медиуми пренесуваат дека Клаудио Маркизио најверојатно веќе го одиграл последниот меч за „старата дама“ и ќе се пресели во МЛС лигата.
32-годишниот играч за врска кој е дете на Јуве и веќе стекна легендарен статус, не е задоволен од минутажата која ја добива и е спремен да ја промени средината ова лето.
Маркизио очекувано не сака да игра за ниту еден друг италијански клуб, па најверојатно кариерата ќе ја продолжи во САД.
Маркизио оваа сезона запиша 20 настапи во сите натпреварувања и беше дел од сите 7 освоени Скудета во изминатите седум години.