Португалските фудбалерки до 17 години добија мало изненадување од најдобриот фудбалер на нивната земја Кристиано Роналдо.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Младите фудбалерки се квалификуваа во елитната рунда квалификациите за Европското првенство во 2020 година.
Поради тој нивни резултат Роналдо се одлучил да им приреди едно изненадување.
„Се надевам дека овие копачки ќе ви помогнат да ги остварите вашите соништа. Кога бев дете имав обични копачки, но луди соништа. Сакав да станам најдобар во светот, а соништата секогаш се важни. Го остварив својот сон, се надевам дека и вие ќе ги остварите вашите. Ви честитам на пласманот во елитниот круг во квалификациите, продолжете така. Среќно и уживајте во новите копачки“, напишал Роналдо во писмото.
Девојките биле воодушевени од скапите копачки, додека Роналдо уште еднаш покажа дека сака да помага и не заборава од каде доаѓа.