Нов позитивен случај на коронавирус во шпанската репрезентација.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Утрово, од шпанската фудбалска репрезентација објавија дека позитивен тест добил дефанзивецот Диего Љоренте. Фудбалерот веднаш ќе го напушти тренинг кампот и ќе оди во изолација.
Ова е нов удар за Шпанците откако претходно позитивен беше Серхио Бускетс. Во Шпанија стравуваат дека по ова може да се појави уште некој позитивен на ковид-19.
Токму затоа шпанските фудбалери иако претходно одбија, сега ќе се вакцинираат пред почетокот на Европското првенство, но сега можеби да биде и предоцна, секако кога станува збор за комплетноста на репрезентацијата на турнирот.