Дома Фудбал Репрезентации Уште еден удар за Португалија пред Мундијалот во Катар?

Уште еден удар за Португалија пред Мундијалот во Катар?

Нови лоши вести пристигнуваат за репрезентацијата на Португалија пред Светското првенство во Катар.

Според последните информации искусниот 39-годишен дефанзивец Пепе е неизвесен за настап на Мундијалот бидејќи има проблеми со повреда на коленото. Последен пат на теренот Пепе беше против Баер Леверкузен во Лигата на шампионите, натпревар во кој одигра четири минути.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


После натпреварот стратегот на Порто, Серџо Консесиao изјави дека не знае дали ќе може да смета на Пепе уште неколку недели.

„Нашиот медицински персонал ќе направи се што е можно. Дали ќе бидат потребни денови или недели ќе видиме“, изјави тренерот на португалскиот гигант.

Отсуството на Пепe за Мундијалот би бил уште еден удар за Португалците бидејќи претходно останаа без Диого Жота кој сигурно нема да биде подготвен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…