Дома Фудбал Уште еден Македонец во Шкотска: Доријан Бабунски потпиша за Данди!

Уште еден Македонец во Шкотска: Доријан Бабунски потпиша за Данди!

Македонската колонија во Шкотска од денес е побројна за уште еден фудбалер – Доријан Бабунски. Бабунски кариерата ја продолжува во Данди Јунајтед каде што му се придружува на Кристијан Трапановски.

Договорот кој го потпиша Бабунски е со важност од две години, а пристигнува како слободен играч.

Во Данди ќе го носи и дресот до број 10.

Покрај Давид Бабунски во моментов во Шкотска се и Кристијан Трапановски, Давор Здравсковски и Бојан Миовски кој со одличните настапи за Абердин практично ја отвори вратата за Македонците во оваа земја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА ги одби забелешките на Звезда: Пеналот во Лугано бил оправдан

Судиската комисија на УЕФА ја поддржа одлуката за спорниот пенал во финишот од дуелот со Л…