Дома Фудбал Уште еден знак дека Рамос си заминува од Реал

Уште еден знак дека Рамос си заминува од Реал

Вчера Реал Мадрид ги претстави новите дресови со кои „кралевите“ ќе играат во сезоната 2021/22.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дресовите на „Адидас“ вообичаено беа претставени со фотосесија на ѕвездите на тимот. Меѓутоа, медиумите го забележаа фактот дека на рекламните материјали го нема капитенот Серхио Рамос.

Неговиот договор со Реал истекува на 30 јуни, па ова е јасна индикација дека Рамос ова лето ќе го напушти „кралскиот“ клуб.

Двете страни подолго време водат преговори, но не можат да најдат заеднички јазик околу продолжување на соработката, па останува да видиме дали нешто ќе се промени со доаѓањето на Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кукуреја лета на Светското, а во Реал Мадрид ги тријат рацете

Марк Кукуреја игра одлично на Светското првенство. Се истакнува со физика, фудбалски вешти…