Дома Останати Уште еден голем спонзор го напушта Ѓоковиќ

Уште еден голем спонзор го напушта Ѓоковиќ

Познатиот бренд „Лакост“, ќе ја прекине соработката со Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер има договор со оваа компанија до 2025 годива, вреден 9.000.000 долари на годишно ниво.

Откако „Пежо“ го напушти Новак Ѓоковиќ, српскиот тенисер сега ќе остане без уште еден голем спонзор.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Швајцарските медиуми објавија дека компанијата сериозно размислува да ја прекине соработката со Новак, што многу ќе го чини српскиот тенисер.

„Лакост го претставува тенисот, основан е во 1933 година од поранешниот француски тенисер, Лакост. Од 2017 година амбасадор на брендот е Новак Ѓоковиќ, кој има договор до 2025 година. Меѓутоа партнерството со Ѓоковиќ не им донесе ништо добро во изминатите месеци. Некогашниот број 1, редеше негативни наслови, поради одбивањето да се вакцинира и поради депортацијата од Мелбурн. Лакост сака некое ново лице во рекламите“, пишуваат швајцарските медиуми.

Доколку договорот со него биде раскинат, се очекува Ѓоковиќ да остане без дури 27 милиони долари кои требаше да ги заработи до крајот на договорот кој трае до 2025 година. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ нема конкуренција – овие бројки ја покажуваат доминацијата на Србинот!

Новак Ѓоковиќ во последниве години доминира со светскиот тенис. Србинот од 2020 година па …