Една од најголемите ѕвезди на кошарката и еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, ЛеБрон Џејмс ова лето го напушти Кливленд и потпиша за Лос Анџелес Лејкерс договор вреден 154 милиони дилари, но се чини дека не се сите во „градот на Ангелите“ среќни поради неговото пристигнување.
Поголемиот дел навивачи на ЛА Лејкерс со воодушевување го поздравија пристигнувањето на Леброн во ЛА, а локалните уметници и оние кои цртаат графити направија неколку мурали со ликот на Џејмс.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, некои од тие мурали не живееја долго, бидејќи некои личности ги прешкртаа во написи како што се „Не е крал“, „Не те сакаме“ и броеви „3-6“, алудирајќи на скорот на неговите победи и порази во финалињата во НБА лигата.
Густаво Зермено, кој наслика мурал со Леброн, кој во дресот на Лејкрс ги набљудува легендите на овој клуб, доживеа иста судбина, но уметникот по овој вандалски чин доби помош.
На поправањето на муралот на Зермен, чија изработка траела 5 дена, а кој е уништен со бела боја, му помогнаа околу 50 случајни минувачи, навивачи на Лејкерс.
„Изненаден сум. Ова е најпозитивниот потег на Лејкерс во последните пет или шест години. Навистина е изненадување луѓето да се вознемирени поради Леброн. Не го разбирам ова“, истакна Зермено.
Someone vandalized ANOTHER LeBron-Lakers mural ??♂️
?: @Diehardheatfan1 pic.twitter.com/dWwAABBE8u
— Yahoo Sports NBA (@YahooSportsNBA) July 21, 2018