Дома Македонски спорт Мак ракомет Утре стартува меѓународниот младински ракометен турнир КЛ7!

Утре стартува меѓународниот младински ракометен турнир КЛ7!

Ракометниот клуб КЛ7 како организатор на првиот меѓународен ракометен турнир за млади категории, КЛ7 2020, Ве поканува да проследиме 12 натпревари во две младински категории, со учество на пет екипи од Македонија и странство. 

Очекуваме пред се добар ракомет, собир на многу талентирани млади ракометари, нови искуства забава и дружење. Имајќи предвид дека на турнирот ќе настапат најдобрите македонски ракометни колективи на терен во спортската сала „Архиепископ Доситеј”, во склоп на ОУ „Круме Кепески” во Општина Кисела Вода, очекуваме да продефилираат голем број пионерски и кадетски репрезентативци на нашата земја.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Учеството на унгарски Пик Сегед, ракометен колктив со богата традиција и редовен учесник во елитната Лига на шампиони е дополнителен квалитет и атракција на овој настан.

Присуството на капитенот на националниот тим, Кирил Лазаров, кој ќе го отвори и затвори турнирот, ќе биде дополнителен мотив за сите млади играчи да го покажат најдоброто и со тоа да го подигнат квалитетот на самиот настан на едно завидно ниво.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПЕТОК                          24.01.2020 година

16:00 часот           Металург – Вардар (генерација 2004)

18:00 часот           КЛ7 – Металург (генерација 2002)

19:30 часот           КЛ7 – Металург (генерација 2004)

САБОТА                          25.01.2020 година

09:30 часот           Пик Сегед – Вардар ( генрација 2004)

11:00 часот           Пик Сегед – Еурфарм Пелистер (генерација 2002)

12:30 часот           КЛ7 – Пик Сегед (генерација 2004)

16:30 часот           Металург – Еурофарм Пелистер (2002)

18:00 часот           КЛ7 – Вардар (генерација 2004)

19:30 часот           КЛ7 – Пик Сегед (генераија 2002)

НЕДЕЛА                           26.01.2020 година

09.30 часот           Еурофарм Пелистер – КЛ7 (генерација 2002)

11:00 часот           Металург – Пик Сегед (генерација 2004)

12.30 часот           Пик Сегед – Металург (генерација 2002)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

ГРК Тиквеш доби силен спонзор од својот град

Екипата на ракометниот суперлигаш Тиквеш од Кавадарци се пофали со нова соработка за следн…