Дома Фудбал Репрезентации Утре започнуваат најслатките подготовки во историјата на македонската репрентација

Утре започнуваат најслатките подготовки во историјата на македонската репрентација

Полека но сигурно поминува времето до Европското првенство на кое репрезентацијата на Македонија ќе дебитира на еден голем турнир.

Македонската фудбалска репрезентација преку Лигата на нации успеа да дојде до собирот на најдобрите во Европа. Ждрепката сакаше да бидеме во група во која, посебно после последните резултати сонуваме да ја поминеме.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


На Европското првенство ќе дебитираме на 13. јуни кога ќе играме со Австрија во Букурешт, на истиот стадион во второото коло ќе се соочиме со Романија предводена од легендарниот Андреј Шевченко, а последниот натпревар во групата го играме во Амстердам против Холандија.

Утре во вечерните часови Игор Ангеловски ќе ги собере повиканите репрезентативци и ќе започнат подготовките за ЕП. До почетокот на турнирот ќе одиграме и два пријателски натпревари, на 1. јуни против Казахстан и на 4. против Словенија, двата дуели ќе ги играме во Скопје.

Во Букурешт нашата репрезентација ќе пристигне на 8. јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Нов обложувачки скандал: Пакета обвинет дека намерно добивал картони

Фудбалската асоцијација на Англија го обвини играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Па…