Дома Останати Тенис УС Опен: Надал изгуби сет, па го прегази Чилиќ и се пласираше во четвртфиналето

УС Опен: Надал изгуби сет, па го прегази Чилиќ и се пласираше во четвртфиналето

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето на УС Опен откако изминатата ноќ го победи Хрватот Марин Чилиќ со 3:1 во сетови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во првите два сета видена беше голема борба. Надал го доби првиот сет со 6:3 за во вториот Чилиќ да му одговори на ист начин.

Кога се мислеше дека ќе гледаме неизвесен меч Надал уфрли во поголема брзина и го прегази Чилиќ во следните два сета. Третиот сет го доби со 6:1, а четвртиот со 6:2.

Шпанецот во четвртфиналето ќе игра против Аргентинецот Диего Шварцман кој претходно направи изненадување и го исфрли Александар Зверев со 3:1 во сетови.

Инаку, во следната фаза се пласираше и Гаел Монфис кој беше подобар од Пабло Андуар со 3:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Утрешниот меч на Ѓорческа на Вимблдон ќе може да се гледа во живо!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа утре (вторник) ќе го испише најголемото поглавје во с…