Младинската репрезентација на Македонија изминатиов период се наоѓаше на подготовки во Маврово, во пресрет на ЕХФ Шампионатот, кој во периодот од 20-29-ти јули ќе се одигра во С.Ц. Борис Трајковски. Избраниците на Данило Брестовац изминатиов период го искористија за одигрување на контролни натпревари, со соодветната селекција на Црна Гора.
Двата натпревари се одиграа во Маврото и завршија во корист на Македонија. Првиот меч го добивме со резултат 31:28. Од вардаровите играчи во листата на стрелци на овој прв контролен меч се запиша само левиот бек, Марко Мишевски кој постигна два гола. На вториот дуел, исто така славеа нашите младинци, триумфот беше изразен со резултат 29:27. На овој меч левото крило на Вардар Јуниор, Иван Димитровски постигна три гола, додека еден беше дело на Марко Мишевски. За овие подготовки, селекторот Брестовац повика 24 ракометари, од кои 7 беа од Вардар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со овие средби нашите Младинци ја завршија втората фаза од подготовките на Маврово. Тимот се врати во Скопје каде од понеделник продолжува со тренинзите до почетокот на ЕХФ Шампионатот, што во периодот од 20 до 29 јули ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“. Македонија се наоѓа во групата Б со селекциите на Украина, Швајцарија, Велика Британија и Италија. Во првото коло, на 20 јули од 20:00 часот, се среќаваме со Велика Британија.