Репрезентациите на Уругвај и Еквадор се последните две селекции од Јужна Америка кои обезбедија директен пласма на Мундијалот во Катар.
Еквадор победи со 3:1 против Парагвај и така обезбеди едно од местата кои водат на Светското првенство. Место во Катар обезбедија и Уругвајците со победата од 1:0 против Перу.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Двете репрезентации се недостижни на табелата со по 25 бода на третата и четвртата позиција, места кои обезбедуваат пласман.
Перу од друга страна кој е петти ќе се бори да остане на оваа позиција и да игра во баражот, а за тоа ќе треба оваа селекција да го победи Парагвај. За место во баражот се борат уште Колумбија и Чиле.
Во останатите два натпревари кои се одиграа Бразил го победи Чиле со 4:0, а Колумбија беше подобра со 3:0 од Боливија. Бразилците своето место го обезбедија уште пред неколку кола.