Дома Фудбал Уругвај е светски шампион до 20 години!

Уругвај е светски шампион до 20 години!

По 1950 година Уругвај вторпат стана светски шампион откако изминатата вчер славеа противИталија со 1:0.

Ги надиграа Италијанците во секој аспект и не им дозволија да се заканат, а на крајот одлучувачки бее голот на Лусијано Родригез постигнат на четири минути пред крајот на првиот дел.

Уругвај можеше и полесно да го одлучи натпреварот, но недостасуваше завршница во многуте добри акции и на крајот заслужено стигнаа до трофејот. Уругвај одигра фантастичен турнир во кој на дури шест од седум натпревари не прими гол, само Англија во групната фаза ги совлада со 2:3.

Со освоената титула Уругвај стана третата земја од Јужна Америка која триумуфира на ова натпреварување, Аргентина има шест, а Бразил пет. Италија нема титула и ова финале е нивни најголем успех, претходно имаа две загубени полуфиналиња во низа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Екерт бара крај на „Спајгејт“: Саутемптон повторно пред Мидлсбро

По исфрлањето од плејофот и одземањето четири бода, Тонда Екерт сака Саутемптон да го оста…