Еден од двајцата тимски колеги на Кабиб Нурмагомедов за кои се најавуваше отказ после инцидентите на УФЦ 229, доби нова борба во оваа организација.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ислам Макачев беше еден од оние кои влегоа во кафезот после борбата помеѓу Конор Мекгрегор и Кабиб Нурмагомедов, а претседателот на УФЦ, Дан Вајт им најави отказ.
Меѓутоа, Кабиб постави ултиматум и порача дека и тој ќе замине од УФЦ, ако неговите „браќа“ бидат отпуштени.
Изгледа дека пораката на шампионот во лесна категорија вродила со плод, па Макачев (16:1) ќе има борба на УФЦ 223, а противник ќе му биде Франсиско Триналдо (23:6).
Од друга страна се уште не е позната судбината на Зубаир Тухкугов кој го удри Конор, неговата борба која требаше да се одржи против Артем Лобов беше откажана.
УФЦ 233 е првиот евент во наредната година и ќе се одржи на 26 јануари во Анхеим.