Атлетичарката од Украина, Јарослава Махучик успеа да го сруши светскиот рекорд во височина стар цели 37 години.
На митингот во Дијамантската лига во Париз Украинката прескокна 210 сантиметри и го сруши рекордот на Стефка Костадинова која во рим 1987 прескокна 209 сантиметри.
Денеска конкурентките воопшто немаа шанси против расположената Јарослава. Во првиот обид таа прескокна 207 сантиметри, додека во вториот со рекородот само ја потврди доминацијата.