Дома Македонски спорт Украина ќе ја пречека Македонија во Киев во квалификациите за Светскиот куп

Украина ќе ја пречека Македонија во Киев во квалификациите за Светскиот куп

Украинската федерација ги соопшти првите детали поврзани со организацијата на средбата од квалификациите за Светскиот Куп која е закажана за 29. ноември.

Информираа дека средбата против нашата најдобра селекција ќе се игра во главниот град на Украина – Киев, и тоа во „Дворецот на спортовите“ со почеток од 19.часот, по локално време.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Освен тоа познати се и цените на влезниците кои од пред некој ден се во слободна продажба. За четирите сектори во киевската Арена, треба да се издвојат од 70 до 500 украински гривни. Односно од 2.5 до 16.5 евра.

Претходно, на отворањето на ноемврискиот ФИБА „прозорец“, нашата машка сениорска репрезентација на 26. ноември во Скопје ќе ги одмери силите со актуелниот светски шампион – Шпанија, додека пак во истиот термин, као дел од групата „Г“, во Тбилиси, Грузија ќе ја дочека Украина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…