Дома Фудбал Репрезентации Украина преку Португалија до пласман на ЕП, Роналдо и друштвото ќе се борат со Србија (ВИДЕО)

Украина преку Португалија до пласман на ЕП, Роналдо и друштвото ќе се борат со Србија (ВИДЕО)

Вечерва на Олимпискиот стадион во Киев Украина ја пречека Португалија во натпревар од осмото коло во групата Б квалификациите за Европското првенство.

Украинците одиграа одличен натпревар и славеа со 2:1 со што го обезбедија пласманот на ЕП.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


До водство домаќините стигнаа во 6-та минута. Голманот на Португалија одлично реагираше после еден корнер и обидот кон неговиот гол, но не можеше ништо да направи кога Јеремучук натрча и погоди за 1:0.

Домаќинот до втор гол стигна во 27-та минута. Мјаколенко испрати одлична топка пред голот на Португалија, а Јармоленко погоди за 2:0.

Ова водство на Португалија беше актуелно се до 72-та минута кога Кристиано Роналдо го постигна 700-тиот гол во кариерата со удар од белата точка.

Сепак Португалија до крај не успеа да изедначи, па Украина однесе победа. Треба да се спомене дека ПОртугалија во судиското продолжение имаше две големи прилики. Прво Роналдо не успеа да го пронајде патот до мрежата, за потоа шутот на Данило да заврши во пречката.

Србија во вториот натпревар во групата Б ја совлада Литванија со 1:2.

Сега во групата Украина е прва со 19, Португалија втора со 11, Србија трета со 10. Без шанси за нешто повеќе се Луксембруг и Литванија.

Останати резултати:

Бугарија – Англија 0:6

Франција – Турција 1:1

Исланд – Андора 2:0

Косово – Црна Гора 2:0

Молдавија – Албанија 0:4

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Челзи го наградува Палмер со нов договор

Младиот Кол Палмер блеска оваа сезона во дресот на Челзи и се етаблираше во еден од најдоб…