Европската фудбалска федерација УЕФА наводно е одлучила да ја наградата Фудбалската асоцијација на Англија поради големата улога во борбата против формирањето на Суперлигата.
Според Телеграф, ФА одиграла огромна улога во одлуката шесте големи клубови да се откажат од настап во Суперлигата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
УЕФА поради тоа се одлучила да и се заблагодари на ФА, а Телеграф тврди дека ќе ги награди со поголем број натпревари на ЕП ова лето.
Стадионот Вембли, како награда, би можел да биде домаќин на поголем број натпревари ова лето и на тој начин УЕФА одлучи да ги награди Англичаните.
Интересно е што УЕФА го одзеде правото на домаќин на шпански Билбао поради наводно неисполнети санитарни услови на стадионот Сан Мемес.
Вембли претходно требаше да биде домаќин на три натпревари на репрезентацијата на Англија, еден натпревар од осминафиналето и самата завршница, полуфиналните и финалниот натпревар.
Сепак, сега таа бројка може дополнително да се зголеми и останува да видиме дали тоа на крајот ќе се случи.
Европското првенство се игра од 11. јуни до 11. јули и ќе биде дозволено присуство на публика.