Европската куќа на фудбалот (УЕФА) денес излезе со официјално соопштение против формирањето на Суперлига.
УЕФА И ФИФА потврдија дека во соработка со националните федерации сите клубови кои ќе учествуваат во Суперлигата ќе бидат исфрлени од сите натпреварувања.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„УЕФА, ФА и Премиерлигиата, Шпанската фудбалска федерација и Ла Лига и Италијанската фудбалска федерација и Лега Серија А, дознаа дека неколку англиски, шпански и италијански клубови планираат да создадат затворена таканаречена Суперлига. Доколку ова се случи, ние сакаме да кажеме дека УЕФА, англиската ФА, Шпанската федерија, талијанската федерација, Премиерлигата, Ла Лигата, Серија А, но исто така и ФИФА и сите наши останати членки, ќе останеме обединети во нашите заложби да го спречиме овој циничен проект, проект кој е формиран од сопствен интерес на неколку клубови во време кога на општеството му е потребно обидинување повеќе од било кога“.
„Ќе ги разгледаме сите мерки кои ни се на располагање, на сите нивоа, и правни и спортски со цел да не дозволиме ова да се случи. Фудбалот е базиран на отворени натпреварувања и спортски заслуги, не може да има друг начин. Како и претходно ФИФА што соопшти, шестте фудбалски федерации нема да дозволат настап на тие клубови во сите домашни натпреварувања, како и натпреварувањата на европско и светско ниво, и нивните играчи нема да можат да играат за националните тимови“, стои во соопштението.
Клубовите кои ќе учествуваат во Суперлига нема да можат да играат во ниту едно друго натпреварување, а играчите од тие клубови нема да можат да настапуваат за своите репрезентации.
UEFA, the English Football Association, the Premier League, the Royal Spanish Football Federation (RFEF), LaLiga, the Italian Football Federation (FIGC) and Lega Serie A have today released a statement.
— UEFA (@UEFA) April 18, 2021
Read it in full here: 👇