Дома Фудбал Останато УЕФА реагира: Ништо од најавените милиони на ПСЖ, под знак прашалник и трансферот на Мбапе!?

УЕФА реагира: Ништо од најавените милиони на ПСЖ, под знак прашалник и трансферот на Мбапе!?

Казната би можела да биде официјализирана кон почетокот на јуни, а сега неизвесно е како ќе биде реализиран трансферот на Мбапе.

Реномираниот француски медиум „Л’Eкип“ пишува дека наводно во ПСЖ се помириле со казната и дека таа ќе биде слична на онаа од пред четири години.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Имено, после загубата од 92, 79 и 144 милиони евра во изминатите три години повторно го прекршија ФФП и сега ќе се соочат со санкции.

Тие сепак ќе бидат благи со оглед на тоа што некои големи клубови ја притискаа УЕФА „светците“ да бидат исфрлени од Лигата на шампионите.

Освен паричната казна ПСЖ доколку биде казнет ќе биде ограничен да потроши само 60 милиони евра во преодниот рок кој следи и тоа нема да има никаква врска со продажбата на играчи.

Со други зборови, дури и да го продадат Нејмар ова лето не би можеле да потрошат ништо од таа сума.

Сега се поставува прашањето и откупот на Килијан Мбапе, во смисла дали УЕФА веќе го пресметала неговиот трансфер при анализата бидејќи ПСЖ е обврзан да го откупи.

Едно од решенијата е би било продолжување на позајмицата, но Монако може на тоа и да не се согласи и да го продаде талентираниот играч на друг клуб за истата сума.

Во секој случај, уште некои медуми пишуваат и дека УЕФА го проверува и начинот на кој клубот ги доведувал играчите практично потпишувајќи договор со државата Катар со цел да им обезбедат поголеми примања.

Како и да е доколку овие вести се точни, а „Л’Eкип“ важи за реномиран и секогаш добро упатен медиум со случувањата во Франција, ПСЖ ќе остане без можност да се засилува ова лето, барем не како што се најавуваше со нови астронмски суми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …