Како и што се очекуваше историскиот настап на Вардар во групната фаза од Лигата на Европа донесе и голем напредок за македонскиот шампион.
Вардар оваа сезона на Македонија и овозможи да ужива во европски фудбал во Скопје гостуваа екипите на Розенборг, Зенит и Реал Сосиедад, екипи против кој Вардар не забележа кој знае какви резултати, но секако собра искуство кое многу ќе им значи во иднина.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Покрај тоа сигурно дека македонскиот шампион добро заработи, но и го поправи својот пласман на УЕФА ранг листата и сега го има најдобриот во својата историја.
Вардар сега е рангиран на 201 позиција што е скок од 54 места во однос на минатогодишното рангирање.