Не можеше да помине без санкции.
Диего Симеоне не се прослави со однесувањето против Јувентус кога голот го прославуваше со фаќање за меѓуножјете и тоа ќе го чини – 20.000 евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
После победата од 2:0 во фудбалскиот свет освен за триумфот на Атлетико се зборуваше за потегот на Симеоне, а УЕФА подоцна отвори дисциплинска постапка против Аргентинецот.
That Diego Simeone celebration vs Juventus ???#ucl pic.twitter.com/2MvNrgPGgK
— Football Fans Tribe ?? ⚽ (@FansTribeHQ) February 20, 2019
Симеоне после натпреварот објасни дека се работело за гест кон навивачите на Атлетико, а не за провокација за противниците.
„Го направив тоа и како играч во натпреварот помеѓу Лацио и Болоња и го направив повторно за да им покажам на нашите навивачи дека имаме му*а. Не беше насочено кон противничкиот тим, туку кон нашите навивачи. Признавам не изгледаше убаво, но во тој момент почуствував потреба да направам такво нешто…Толку се боревме. Диего Коста се бораеше, а не беше целосно спремен. Морав да покажам како се чуствувам…Можам само да се извинам ако навредив некого, но го направив тоа од срце“, гласеше објаснувањето на Симеоне после натпреварот.
Сепак, без казна не можеше да помине.
Меѓутоа паричната казна сигурно нема да го погоди премногу ако Атлетико на 12-ти март против Јувентус ја одбрани предноста од првиот натпревар и обезбеди пласман во четвртфиналето.
Што е најважно, УЕФА потврди дека Симеоне ќе може да го води тимот на овој натпревар и повеќе не постои опасност да биде суспендиран.