Според најавите на „Дејли Мејл“ УЕФА планира нови промени во форматот на Европското првенство.
Челниците на европскиот фудбал сакаат да вклучат што е можно повеќе репрезентации на завршниот турнир. Како што се најавува нивниот план е на турнирот во 2028 година да учествуваат 32 репрезентации, тоа ќе значи зголемување за осум селекции од последното Европско првенство.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На последното Европското првенство учествуваа 24 репрезентации, формат кој се воведе во 2016 година. Претходно на завршниот турнир на најдобрите репрезентации во Европа учествуваа само 16 репрезентации.
На споменатото Европско првенство во 2028 година домаќини треба да бидат Велика Британија и Ирска.