Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА официјално отвори истрага против Јувентус, Реал и Барселона

УЕФА официјално отвори истрага против Јувентус, Реал и Барселона

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) официјално отвори истрага против Јувентус, Реал Мадрид и Барселона поради кршење на правилата на УЕФА со формирање на Суперлигата.

Трите екипи основачи на пропадната Суперлига одбија да потпишат „договор за реинтеграција“ со УЕФА.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


УЕФА објави дека се договори со деветте клубови кои се откажаа од Суперлигата, а планира да ги казни клубовите кои и понатаму остануваат во Суперлигата, а тоа се Реал Мадрид, Јувентус и Барселона.

Реал Мадрид, Барселона и Јувентус не се откажуваат од идејата за Суперлига, зашто им требаат пари, но тоа може скапо да ги чини, односно да заработат суспензија од УЕФА.

Денес УЕФА официјално отвори истрага против трите европски гиганти, а медиумите тврдат дека им се заканува двегодишна суспензија од европските натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шок за Шпанците: Репрезентацијата може да биде исфрлена од ЕП, а клубовите од сите УЕФА натпреварувања?!

Како што претходно пишуваше шпански „АС“, УЕФА ја следи ситуацијата во шпанскиот фудбал, а…