Фудбалската федерација на Србија потврди дека во тек е истрага за можно местење на резултати на два натпревара во домашното првенство, по информации добиени од Европската куќа на фудбалот.
Телевизијата „Спорт Клуб“ објави претходно дека УЕФА доставила до ФСС обемен материјал, поткрепен со сериозни сомневања дека бил наместен исходот на два натпревара од тековната сезона во српското првенство.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
УЕФА забележала сомнителни уплати во Европа и Азија, а на една од двете уплати бил и конечен резултат.
Случајот во моментов го води Фудбалскиот сојуз на Србија, со помош од УЕФА, а Дисциплинската комисија треба да донесе конечна казна за тимовите.
Казни за клубовите може да бидат од парични до одземање на бодови, додека на фудбалерите им следи суспензија.