Дома Фудбал Останато УЕФА не се шегува: ПСЖ блиску до дисквалификација од Лигата на шампионите

УЕФА не се шегува: ПСЖ блиску до дисквалификација од Лигата на шампионите

Иако претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи постојано истакнуа дека клубот работи во рамки на финансискиот фер-плеј наложен од УЕФА, и покрај тоа што трансферот на Нејмар чинеше 222 милиони евра, се појавија информации дека Парижаните се принудени да преземат драстични мерки за да им се дозволи натпреварување во ЛШ.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ел Паис, весникот кој нешто порано соопшти дека ПСЖ на Кавани му понудил милион евра за да му го дозволи изведувањето на пеналот на Нејмар, сега тврди дека УЕФА одлучила да ги „притисне“ Парижаните и нивните богати сопственици.

Имено, по многубројните жалби на кршење на финансискиот фер плеј од страна на ПСЖ, кои упатија европските великани, како што се Реал Мадрид, Баерн Минхен и Јувентус, УЕФА одлучи да му се закани на францускиот клуб дека ќе им биде забранет настап во следната сезона од ЛШ, дури и ако ПСЖ се квалификува за ова натпреварување.

Како што се наведува, откако УЕФА се закани, Ал-Келаифи тоа го сфати сериозно, и има намера да продаде одреден број на играчи за ПСЖ да ги исполни услобите од финансискиот фер-плеј. По консултација со претседателот на ПСЖ, генралниот менаџер на Бланко и менаџерот на играчите, одлучија осуммина од првотимците, кои не се сметаат за клучни, во следните 48 часа ќе бидат ставени на трансфер листата.

Во текот на летото се шпекулираше дека Ди Мариа и Лукас Моура ќе го напушти клубот, па се верува дека тие двајца ќе се најдат на „листата за одстрел“, додека истото се предвидува и за Дракслер и Бен Арфа, а кој ќе остане ќе биде познато во следниот период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Коби Мејну ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед

Младиот играч од средниот ред Коби Мејну е блиску до продолжување на договорот со Манчесте…