Продолжуваат тензиите помеѓу балканските репрезентации на Европското првенство и одново во центарот на вниманието се Србите и Хрватите.
Видовме што се случуваше на натпреварот помеѓу Хрватска и Албанија, а сега од Србија најдоа и нови замерки.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според информациите на српските медиуми, Хрватска до УЕФА испратила список на песни со кои би се загревале на натпреварот со Италија. На списокот стоела и песната од Марков Перковиќ Томпсон „Убава си“ која содржи усташки симболи и провокации кон Србија.
Претходно пред натпреварите со Албанија и Шпанија хрватските навивачи и фудбалери се загреваа со нивната фудбалска химна и „Срце огнено“. Имаше и други песни од хрватски изведувачи од: Мишо Ковач, Дорис Драговиќ, Магазин…
Како што велат Србите, ако УЕФА се одлучи да им ја пушти бараната песна од Томпсон тоа би било голем скандал.