Дома Фудбал Останато УЕФА нема милост: Буфон нема да помине само со црвениот картон!?

УЕФА нема милост: Буфон нема да помине само со црвениот картон!?

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон би можел да се соочи со казна од УЕФА поради црвениот картон во реваншот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Да потсетиме, главниот судија на споменатиот натпревар, Мајкл Оливер го досуди еден од најконтроверзните пенали во историјата на Лигата на шампионите, а потоа поради жестоките протести му додели црвен картон на Буфон.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Како што пренесува денешното издание на „Газета дело Спорт“, Буфон би можел да се соочи со суспензија во Серија А, а се зависи од извештајот на Оливер. Исто така на Буфон не му оди во прилог и тоа што по натпреварот за медиумите изјави дека судијата место срце има канта за отпадоци.

Секако, на легендарниот голман тешко му падна пеналот со оглед на тоа што неговиот Јувентус имаше продолженија во рацете и тоа после поразот на првиот натпревар во Торино од 3:0.

Треба да се додаде и дека тоа веројатно беше последниот натпревар за Буфон во Лигата на шампионите, со оглед на тоа што се очекува на крајот од сезоната да ја заврши кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал ја изгуби „војната“: Манчестер јунајтед ангажира два големи таленти

Манчестер Јунајтед два пати го победи Арсенал оваа недела бидејќи успеа да договори ангажм…