Крајот на 2017 година е идеално време за собирање на впечатоците во изминатата фудбалска година, се бираат најдобрите тимови, фудбалери, тренери, а еден избор од страна на УЕФА е посебно интересен секоја година.
Се работи за идеалниот тим и откритијата за оваа година, момчиња кои најмногу напредуваа во 2017, а критериумот е јасен тоа мора да се фудбалери кои настапувале во Лигата на шампионите и имаат помалку од 24 години.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еве каков беше изборот на европската куќа на фудбалот во формација 4-3-3.
Едерсон (Бенфика/Манчестер Сити) – 24
Беше еден од најдобрите фудбалери на Бенфика минатата сезона во Лигата на шампионите, а после трансферот во Сити успеа да ја задржи формата и сега е од огромна важност на Пеп Гвардиола.
Нелсон Семедо (Бенфика/Барселона) – 24
Во Семедо Каталонците изгледа го пронајдоа она што го бараа уште од заминувањето на Дани Алвеш во јуни 2016 година. Полека Семедо почна да покажува зошто беше толку скапо платен минатото лето.
Девисон Санчез (Тотенхем) – 21
Како клучен човек во походот на Ајакс до финалето во Лигата на Европа минатата сезона, Санчез лесно се докажа во редовите на „петлите“ во Лигата на шампионите оваа сезона каде што неговиот тим играше натпревари против Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.
Никлас Зуле (Баерн) – 22
Летното засилување од Хофенхајм брзо се прилагоди и во системот на Анчелоти и подоцна во оној на Хејнкес. Дури пет настапи во Лигата на шампионите и покажа дека не е само замена за Хумелс и Боатенг.
Киеран Тиернеј (Селтик) – 20
Веќе на 20 години Тиернеј собра повеќе од 100 настапи во дресот на Сетлтик, а стигна и да ја добие капитенската лента во сениорската селекција на Шкотска.
Хари Винкс (Тотенхем) – 21
И покрај неговата младост тој е еден од најдобрите фудбалери во средината на Тотенхем. Пред оваа сезона забележа само три настапи, но од оваа доби стандардно место како плејмејкер со одлична контрола на топка и дистрибуција кон напаѓачите.
Талиска (Бешикташ) – 23
Како офанзивен фудбалер за врска, Талиска веќе го постигна рекордот на кариерата и постигна 13 погодоци во походот на Бешикташ кон титулата во Турција. Неговите напаѓачки акции, точни пасови и удари со левата нога придонесоа да биде следен од многу скаути.
Марко Асенсио (Реал Мадрид) – 21
Оваа година Асенсио направи уште еден одличен потег наптред во кариерата. Брзината, директноста и чуството за гол му помогнаа да биде стрелец во во четвртфиналето против Баерн Минхен минатата сезона.
Килијан Мбапе (Монако/ПСЖ)
Поседува талент и тоа голем со големата брзина и интелегенцијата се особините кои го красат и со кои го доведе Монако минатата сезона до полуфиналето во Лигата на шампионите, за потоа да се пресели во ПСЖ.
Тимо Вернер (Лајпциг)
Кога ќе биде располжен, ретко кој дефанзивец може да му парира и да го стигне. Поранешниот напаѓач на Штудгарт со 21 година веќе собра 141 настап во Бундеслигата.
Димитри Оберлин (Базел) – 20
Самиот прекар Усаин или Флеш доволно зборува за тоа каква брзина поседува талентираниот напаѓач на Базел. Тој е од исклучителна важност за тимот на Базел кој игра на контри.