Европската куќа на фудбалот (УЕФА) во петок најверојатно ќе го промени правилото поврзано за головите во гости, но само делумно.
Веќе со години важи правилото според кое, во случај на ист број голови во двомеч, понатаму минува тимот кој ќе постигне повеќе погодоци во гости.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, од следната сезона ова правило би требало да се промени во натпреварувањата од УЕФА, односно головите нема да важат во судиско надополнување, туку ќе бидат сметани само во регуларните 90 минути.
На тој начин, стартувајќи од следната сезона ќе бидат сметани само погодоците постигнати во регуларните 90 минути, а не и оние постигнати во судиското продолжение, со што како што вели УЕФА екипите ќе бидат со сразмерни сили и шанси за пласман.
Тренерите сакаа да се укине ова правило, но УЕФА не даде поддршка за таква промена, туку мала измена во него.