Дома Фудбал УЕФА ги потврди домаќините на финалните натпревари: Најдобриот фудбал се враќа на „заборавениот“ стадион

УЕФА ги потврди домаќините на финалните натпревари: Најдобриот фудбал се враќа на „заборавениот“ стадион

УЕФА ги потврди двата домаќини за финалето на Конференциската лига.

Во прашање се финалињата во 2024 и 2025 година, а преку ова натпреварување имаат за цел да ги промовираат градовите и стадионите низ Европа.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Она што беше претходно познато доби официјална потврда. Новиот стадион на АЕК во Атина ќе биде домаќин на последниот натпревар од следната сезона. Поточно, во Атина ќе го добиеме победникот на Конференциската лига за сезоната 2023/2024.

По многу размислување и различни предлози, УЕФА го официјализираше и домаќинот на последниот натпревар од Конференциската лига во 2025 година.

Финалето на Конференциската лига во сезоната 2024/2025 ќе се игра во Полска, поточно во Ворцлав на стадионот Сласка, а тој натпревар е закажан за 28 мај 2025 година.

Стадионот во Атина, официјално наречен Аја Софија, има капацитет од 32.500 седишта, а планирано е во иднина да биде дом на грчката фудбалска репрезентација.

Од друга страна, стадионот во Ворцлав е со капацитет од 45.105 седишта и е изграден во 2011 година за потребите на ЕУРО 2012, каде се одиграа три натпревари од Европското првенство.

Арена Вроцлав, како што е официјалното име на стадионот, ќе биде и најголемиот стадион домаќин на финалниот натпревар во претходните изданија на Конференциската лига.

Првите две финалиња се одиграа во Тирана и Прага, а титулите ги освоија Рома и Вест Хем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…