Дома Македонски спорт Убедлив пораз на фудбалерите до 18 години од Словачка

Убедлив пораз на фудбалерите до 18 години од Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 18 години забележа пораз од Словачка на првиот контролен дуел одигран помеѓу овие две селекции на градскиот стадион во Штип.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Избраниците на селекторот Тони Јакимовски беа убедливо поразени со 5:1. Селекцијата на Словачка одигра извонреден натпревар, во текот на сите 90 минути беше подобар противник и сосема заслужено се радуваше на убедлива победа. Единствениот погодок за нашата репрезентација беше дело на Дино Михолов во 77. минута од средбата.

Вторатата контролна пресметка овие две репрезентации ќе ја одиграат на 19. ноември.

Македонија: Стојановиќ, Аризанковски, Стојлески, Бамијоко, Николовски. Зенделовски, Јакупи, Ливарека, Стојанов, Цаноски, Марковски;

Клупа на резервни фудбалери: Џеков, Мухтари, Нурединовски, Сулејман, Адили, Порчу, Адили, Таири, Богдановски, Михолов;

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Мурињо бара наследник на Модриќ и инвестира 100 милиони евра

Жозе Мурињо продолжува со активно градење на тимот на Реал Мадрид за сезоната 2026/27. Иак…