Садио Мане многупати досега покажа дека има големо срце и му помага на својот народ во Сенегал, а тоа го направи повторно и ги остави сите без зборови.
Мане веќе неколку години вложува илјадници евра за да изгради болници, училишта, бензински и останати работи во неговиот роден крај.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сенегалецот е познат по тоа што е скромен и не троши пари за себе на луксузни јахти, автомобили или куќи, а овој пат реши да ги изненади децата во неговиот роден крај, Бамбали во Сенегал и да им донесе 100 дресови.
Секое дете кое било тој ден на фудбалскиот терен во рамки на училиштето кое го изгради Мане, доби дрес од својот херој.