Напаѓачот на Милан Марио Манџукиќ се реши на еден убав гест.
Манџукиќ поради повреда неколку недели не е во составот на Милан, поради тоа иако по договорт му следува Хрватот одлучил да се откаже за платата за месец март.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Неговиот потег го поздрави и газдата на клубот Паоло Скарони.
„Прекрасен гест од Марио и тоа е само доказ за неговата етика и професионализам“, изјави Скарони.
Милан сепак нема да ја заштеди сумата која требаше да ја добие Манџукиќ и ќе ја донира во хуманитарни цели.
Манџукиќ последниот настап за Милан го имаше на 18. март кога „росонерите“ играа против Црвена Звезда.