Дома Фудбал Убав гест на Италијанците: Македонец ќе ја пее македонската химна во Рим!

Убав гест на Италијанците: Македонец ќе ја пее македонската химна во Рим!

Репрезентацијата на Македонија на 17-ти ноември ќе игра во Рим против Италија во претпоследниот натпревар од квалификациите, а Италијанците пред овој дуел направија еден убав гест.

Имено, познатиот македонски оперски пејач, Благој Нацоски добил покана од Фудбалската федерација на Италија да ја пее химната пред почетокот на натпреварите.

Нацоски е роден во Скопје, но по завршувањето на средното образование заминува во Рим каде што се школувал од познати уметници и во овој момент живее и работи во Џенова.

За него ова ќе биде вторпат како ја пее химната на Македонија на еден фудбалски натпревар, претходно тоа го направи во 2016 година во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона повторно го сака Бергвал, но Јувентус има поконкретен план

Лукас Бергвал има само 144 минути во Премиер лигата сезонава. Барселона повторно го следи,…