ПСЖ веќе се спрема за новата сезона, Емери заминува, а иако не е официјално, познато е дека нов кормилар ќе биде Томас Тухел.
Тухел ќа направи реконструкција на тимот, неколку ѕвезди сигурно ќе заминат, а веќе е составена новата шопинг листа.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Светците“ имаат проблеми со Финансискиот фер-плеј, па јасно е дека неколку ѕвезди ќе го напуштат Париз. Ди Марија, Пасторе, Муние и Курзава сигурно ќе бидат продадени, а можно е да бидат продадени и Кавани и Тиаго Силва.
Тухел веќе ја состави шопинг листата, а главна желба е ѕвездата на Барселона, Осман Дембеле со кого Германецот соработуваше во Борусија Дортмунд.
Дембеле не се вклопи добро во Барселона, а со доаѓањето на Гризман неговата минутажа додатно ќе се намали. За Каталонците тоа е проблем бидејќи за него платија повеќе од 100 милиони евра.
ПСЖ сака да ја искористи ситуацијата, но прашање е дали ќе може да плати 120 милиони евра колку што бараат Каталонците за потписот на Французинот.
Втората желба е Кристиан Ериксен од Тотенхем за кого „светците“ се спремни да платат 100 милиони евра, а сигурно ќе пристигне и еден лев бек.