Дома Фудбал Останато Тухел со ироничен коментар за останувањето на Кавани во ПСЖ

Тухел со ироничен коментар за останувањето на Кавани во ПСЖ

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел иронично ја коментираше ситуацијата со напаѓачот Едисон Кавани.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на Кавани истекува на крајот на сезоната, Уругваецот веќе има договор со Атлетико Мадрид и направи се за да се пресели во Мадрид уште во јануари.

Меѓутоа двата клуба не можеа да најдат заеднички јазик околу обештетувањето, па Кавани ќе остане во Париз до крајот на сезоната.

„Има и полоши ситуации во животот од тоа да останеш да бидеш напаѓач на ПСЖ. Тој набрзо повторно ќе се почуствува важен, но треба да го врати ритамот и формата. Нема да има промени во овој трансфер прозорец и добро е што Кавани ќе остане со нас“, изјави Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…