Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд потпиша договор на две години со францускиот шампион.
После завршувањето на првенството во Франција беше и официјално потврдено дека Томас Тухел е нов тренер на „светците“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Германецот беше прва опција на сопствениците од Катар. Денес Тухел беше и претставен пред јавноста.
На конференцијата за новинари, Германецот како прва работа ја нагласи улогата на Нејмар во тимот.
„Нејмар е уметник. Мојата работа е да создадам структура на тимот во која тој би можел да се истакне. Тој е еден од најдобрите во светот и како таков претставува клучен елемент за да можеме да победуваме. Веќе разговарав со него и разговорот помина одлично“, изјави Тухел.
Управата и навивачите на ПСЖ чекаат успех во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Пред Тухел е тешка задача во која ќе мора да пронајде начин да отстрани психолошката блокада која евидентно постои кај прескапо платените ѕвезди во францускиот шампион.
„Се уште е рано да зборуваме за конкретни амбиции. Прво мораме да создадеме атмосфера во која играчите ќе бидат среќни да тренираат. За Лигата на шампионите прашувајте ме на пролет“, одговори Германецот.
Тухел на клупата на ПСЖ го наследи Шпанецот, Унаи Емери.