Дома Фудбал Тухел призна: Нејмар сака да си замине!

Тухел призна: Нејмар сака да си замине!

Тренерот на Пари Сент Жермен, Томас Тухел конечно проговори на темата Нејмар и потврди дека Бразилецот сака да си замине од клубот.

Тухел откри дека знаел за неговата желба да го напушти ПСЖ уште пред неговото патување во Копа Америка во јуни, каде што не играше поради повреда.

„Знам дека сакаше да замине уште пред почетокот на Копа Америка, но тоа е тема на клубот и Нејмар. Меѓу нас односите се јасни и сега тие две страни треба да донесат конечна одлука“, потврди Тухел.

„Јас сум тренер и во моментов тој е дел од тимот. Подготвен сум да работам со секого“, додаде Тухел, кој откри и дека бил разочаран од непојавувањето на Нејмар на 8 јули за првиот тренинг на ПСЖ за новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…