Дома Фудбал Тухел: Помошникот судија ни се извини. Ги прекршија правилата

Тухел: Помошникот судија ни се извини. Ги прекршија правилата

Реал Мадрид го победи Баерн со 2:1 во неверојатниот реванш полуфинален натпревар од Лигата на шампионите и со вкупни 4:3 се пласираше во финалето каде на 1 јуни на Вембли ќе се соочи со Борусија Дортмунд.

Баерн поведе со гол на Алфонсо Дејвис во 68. минута, а Реал направи пресврт со головите на Хоселу во 88. минута по големата грешка на Нојер кој ја загуби топката и во 91. по додавањето на Рудигер.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Реал беше подобар, имаше многу повеќе шанси, но мечот можеше да оди дури и во продолженија по голот на Де Лигт во судиското надополнување, кој сепак беше поништен.

Помошниот судија, во многу тесна ситуација, прерано го подигна офсајд знаменцето. Протоколот предвидува линискиот стручњак да ја остави оваа ситуација да се одигра до крај, за доколку се постигне гол, подоцна со помош на ВАР да се утврди дали имало офсајд. Судијата овде не го направи тоа, па фудбалерите на Баерн, но и тренерот Томас Тухел целосно со право реагираа.

„Во 88. минута примивме гол по голема грешка на нашиот најдобар играч дотогаш, кој не спасуваше цел натпревар. Ваквата индивидуална грешка целосно го менува текот на играта. Што мислам за Бернабеу? Очигледно има ефект врз судиите“, рече тренерот на Баерн по натпреварот, а потоа додаде:

„На крајот дури постигнавме гол во продолжението, но бевме оштетени од катастрофална одлука на линискиот судија и на судијата. На крајот се чувствувам изневерен. По натпреварот помошниот судија ни кажа дека му е жал за таа одлука , но тоа не ни помага многу во тој момент… Тоа беше многу лоша одлука. Тоа е спротивно на правилата. Катастрофа, но за жал, така е“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фонсека откри дел од составот на Милан кој ќе ја нападне Ц. Звезда

Во среда од 21:00 часот на „Сан Сиро“ ќе се одигра натпреварот од шестото коло на Лигата н…