Дома Фудбал Останато Тухел открива: Нејмар правеше СЕ за да замине!

Тухел открива: Нејмар правеше СЕ за да замине!

Томас Тухел одбиваше да го става Нејмар во тимот се додека не се реши неговиот статус, односно не заврши преодниот рок.

Нејмар се обидуваше на сите начини ова лето да се врати во Барселона, но на крајот двата клуба не најдоа заеднички јазик, па Бразилецот остана во ПСЖ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тухел пред дешениот дуел со Реал Мадрид во Лигата на шампиони покажа дека не заборавил дека Нејмар правеше се за да замине од клубот ова лето.

„Нејмар не сакаше да биде овде со нас. Правеше се што беше во негова моќ за да замине. Поради тоа не може да смета на голема популарност кај навивачите, затоа ја разборам лутината кај некои од фановите. Сепак, таа е само моментална, со тек на време ќе се намали“, изјави Тухел.

„После се помеѓу нас постои однос како меѓу играч и тренер. Тука никогаш немаше проблем, постои респект. Затоа ми беше лесно да го вратам во тимот. Тој е професионален и тренираше максимално професионално. Дури мислам дека на крајот и него му олесна кога се заврши сагата“, заклучи германскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…