Toмас Тухел изненадувачки го наследни Јулијан Нагелсман на клупата на Баерн Минхен, а поранешниот фудбалер на гигантот од Минхен, Бастијан Швајнштајгер ја коментираше тренерската смена истакнувајќи задоволство.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Швајнштајгер верува дека во Баерн направиле вистински потег со одлуката Тухел да го наследи Нагелсман.
„Навистина сум среќен поради неговото доаѓање, имам почит кон него. Сметам дека е тренер во рангот на Пеп Гвардиола, се надевам успешно ќе го води тимот“.
Тухел во минатото го одби Баерн, а Швајнштајгер смета дека и тој негов потег бил исправен.
„Кога во минатото го одби Баерн тоа се покажа како добра одлука, доби можност да работи со големи фудбалери во ПСЖ и Челзи и ја освои Лигата на шампионите“, смета Швајнштајгер.