Тренерот на Челзи, Томас Тухел изјави дека неговиот тим ќе се обиде да се пласира во полуфиналето од Лигата на шампиони, иако знае дека ќе биде исклучително тешко.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Челзи во првиот четвртфинален натпревар загуби од Реал Мадрид со 1:3 на „Стенфорд Бриџ“.




„Шансите се мали ако се има предвид резултатот од првиот меч, но и на противникот на кој му гостуваме. Еден од најголемите предизвици е да гостуваш на Бернабеу, а уште потешко ако бркаш резултат. Треба да играме над нашиот лимит на можности, но дозволено е да сонуваме. Убавината на оваа игра е што се е возможно“, изјави Тухел.