Дома Фудбал Тухел: Два пати го победивме Манчестер Сити, но сега ова е финале

Тухел: Два пати го победивме Манчестер Сити, но сега ова е финале

Во сабота во Порто на 29 мај за титулата Европски шампион ќе играат Челзи и Манчестер Сити.

Челзи два пати ги победуваше „граѓаните“ оваа сезона, но Томас Тухел не е сигурен дека тоа е предност во финалето.

„Не знам дали тоа ни носи некоја предност, но свесни сме дека бевме подобри од Манчестер Сити на два пати во краток период. Не беше тоа одамна, но исто така знаеме дека ова е финале и се може да се случи“.

„Среќата игра голема улога во таквите натпревари, менталната спремност и пристап. Тие претходни натпревари можат да ни помогнат во финалето да влеземе со поголема самодоверба“, изјави Тухел пред големото финале во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шести гол во кариерата, а веќе ремек-дело: Фајад погоди со ножички за Хајдук!

Калил Фајад блесна со акробатски погодок и асистенција во ремито на Хајдук против Истра, п…