Дома Трансфер зона Тухел: Ако Кавани сака да замине, нека го чека летото

Тухел: Ако Кавани сака да замине, нека го чека летото

Тренерот на ПСЖ нема желба Едисон Кавани да го напушти клубот до крајот на месецот.

Најновите извештаи говорат дека Кавани веќе договорил трансфер во Атлетико Мадрид, но Тухел сака искусниот Уругваец да остане барем до крајот на сезоната.

Пред дуелот во Купот против Сен-Етјен, Томас Тухел го кажа своето мислење за можниот трансфер на Кавани.

„Навистина не ми се допаѓа кога играчите во средина на сезоната заминуваат или доаѓаат“, рече тренерот на ПСЖ и додаде:

“Факт е дека Кавани сега го загуби своето место во првиот тим, но тој е во одлична форма и му е потребен на тимот. Ако сака да си замине, нека го чека летото.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Халанд игра како никој друг, продолжува да руши рекорди!

Иако Норвешка го доживеа својот пораз против Португалија, извонредниот напаѓач Ерлинг Хала…