Српскиот тренер во сабота ќе биде на клупата на Болоња против Јувентус.
Реномираниот италијански „Тутоспорт“ пред натпреварот помеѓу фудбалерите на Јувентус и Болоња (сабота 20:45 часот) му посака добредојде на српскиот тренер Синиша Михајловиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Медиумот од Торино на насловната страна во прв план го стави Михајловиќ заедно со колегата од Јувентус, Маурицио Сари и директорот Павел Недвед со наслов „Добредојде Синиша“.
„Синиша доаѓа во Торино да се види со големиот пријател Сари и „малиот брат“ Недвед“, се наведува во текстот.
Секако, „Тутоспорт“ алудира на времето во кое Михајловиќ и Недвед играчките денови ги поминаа во римски Лацио.