Дома Фудбал Турчинот со најпознато презиме го купува Њукасл, познат и буџетот за засилувања!?

Турчинот со најпознато презиме го купува Њукасл, познат и буџетот за засилувања!?

Човекот кој некогаш беше главен финансиер на кошаркарите на Фенербахче денес би можел да го купи англискиот премиерлигаш Њукасл.

Се работи за Марат Улкер, Турчинот со најпознато презиме. Милијардерот во овој момент е главен кандидат да го наследи Мајкл Ешли кој после 10 години одлучи да го стави клубот на продажба.

Улкер чии бисквити и слатки работи се јадат низ целата планета е претседател и на Јилдиз Холндингс и има вработено скоро 60.000 луѓе.

Цената која тој би можел да ја понуди за купување на клубот од Премиер лигата изнесува 250 милиони евра, што не е многу во спордеба со неговата вредност која се проценува на три милијарди евра, според „Форбс“.

Првите шпекулации веќе се појавија, а според нив, доколку Улкер го купи Њукасл, Бенитез во јануари ќе добие 70 милиони евра за засилувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…