Прославениот шпански дефанзивец и легендарен капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос e пред трансфер во Галатасарај.
Клубот од Истанбул вчера ги израдува навивачите со победа над Олимпија и пласман во плеј-офот за Лигата на шампионите, а денес би можел да добие големо засилување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Турските медиуми пренесуваат дека Серхио Рамос ја прифатил понудата на Галатасарај од 5,5 милиони евра за договор на една година.
Според најавите 37-годишниот шпански дефанзивец денес треба да потпише договор на една година со можност за продолжување на уште една.
Серхио Рамос, откако помина 16 сезони во Реал Мадрид и освои 22 трофеи, последните две години ги мина како член на Пари Сен Жермен, со кој освои две титули во францускиот шампионат.